АстрологијаЖивот

Неделен хороскоп: 2-8 јануари

ОВЕН

Пријатели или љубовници? Венера влегува во Водолија во вашата зона на пројателства во понеделник и ве инспирира да ги преминете границите во едно од вашите пријателства и да се заљубите во близок пријател. Полната Месечина во Рак ни носи силни чувства за домот и семејството. Ако внимателно им дадете име на емоциите, ќе можете да ги пренесете и на оние кои ви значат.

БИК

Поврзаност и компетенции, драги Бикови. Вашата планета влегува во Водолија во вашата зона на кариера и ви носи можност да се поврзете со луѓе со кои лесно ќе соработувате, но и кои ќе ви донесат добра поддршка за да ги остварите своите соништа. Во петок ја имаме полната Месечина во Рак во вашата зона на комуникација која ве поттикнува да зборувате за своите емоции и да слушнете внимателни што имаат да ви кажат другите.

БЛИЗНАЦИ

Вие сакате љубов на дистанца, драги Близнаци. Во понеделник, Венера влегува во Водолија во вашата зона на патувања и ви носи можност да отпатувате на интересна дестинација или да направите план за тоа. Тоа ќе ви помогне да се поврзете со луѓе кои се различни од вас. Во петок, полната Месечина во Рак ви помага да се ослободите од емотивните блокади и стравови поврзани со финансиската сигурност.

РАК

Време е за жештина. Венера влегува во Водолија во вашата зона на сексуалност во понеделник и ви носи интересни љубовни искуства со саканата личност или нови луѓе, ако сте слободни. Полната Месечина е во вашиот знак, а таа ви носи нови почетоци. Не е лесно, но вреди.

ЛАВ

Спротивностите се привлекуваат. Во понеделник, Венера влегува во Водолија во вашиот романтичен секстор и ви носи луѓе, љубовни односи и разговори кои ќе ви донесат возбуда. Како што неделата ќе се приближува кон крајот, полната Месечина во петок ви носи убав момент за себеси. Затоа, најдете време да се одморите.

ДЕВИЦА

Забележете ги оние кои ве забележуваат вас. Во понеделник, Венера влегува во Водолија во вашата зона на детали и ви носи односи и теми поврзани со разбирање, смиреност и ориентираност кон малите нешта. Полната Месечина во петок ви носи убава енергија и поврзување со пријателите кои не сте ги виделе некое време.

ВАГА

Оваа недела ќе имате неверојатна енергија и харизма. Венера влегува во Водолија во вашата зона на самодоверба и ви носи убави искуства и конекции кои ќе ви ја зголемат самодовербата. Во петок, полната Месечина во Рак ве инспирира да комплетирате нешто важно на полето на работата. Покажете дека можете да бидете лидери.

ШКОРПИЈА

Кој го чува вашето срце сигурно? Во понеделник, Венера влегува во Водолија во вашата зона на емоционална сигурност и ве инспирира да внесете повеќе заштита, доверба и емпатија во својот живот. Во петок, полната Месечина во Рак ве носи на необична авантура. Можеби е време за патување или учење нова вештина.

СТРЕЛЕЦ

Запаметете, љубовта почнува во умот. Во понеделник, Венера е во Водолија во вашата зона на комуникација и ве прави одлични комуникатори. Освен тоа, ќе бидете привлечени од луѓе со се согласувате интелектуално и со кои можете да водите интелектуални разговори. Во петок, полната Месечина во Рак ве поврзува со срцето и главата. Така успевате да постигнете задоволство, интимност и да ги исполните своите сексуални фантазии.

ЈАРЕЦ

Среќен роденден, драги Јарци! Венера влегува во Водолија во вашата зона на приходи и ве кани да развиете подобра финансиска сигурност и можности. Полната Месечина во Рак во петок носи романтичен пресврт за вас, без оглед на тоа дали ќе влезете во нешто ново, ќе го подобрите она што веќе го имате или пак ќе дојдете до некој крај кој ви потребен.

ВОДОЛИЈА

Не ја губете надежта. Венера влегува во вашиот знак во понеделник и ви носи нов почеток на полето на романсата и финансиите. Ова е убава недела за вас која ќе ви ја врати среќата во вашиот живот. Во петок, полната Месечина во Рак ви носи увид во тоа од кои навики треба да се ослободите, а кои нови треба да ги отпочнете во новата година. Тоа ви дава одлично чувство на задоволство.

РИБИ

Минатото патува со вас, драги Риби. Во понеделник, Венера влегува во вашата зона на завршетоци, помагајќи ви да завршите некои приказни и навики кои не ви носат ништо добро и да се цените и сакате себеси повеќе. Полната Месечина во Рак ве мотивира да развиете убаво чувство за друга личност и да ги покажете своите чувства.

Поврзани новости