Македонија

Облачно со изразен пад на температурите

Седмицата ќе започне со облачно претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне во земјата ќе преовладува променливо облачно и свежо време.

Дневната температура ќе биде пониска за околу десет степени во однос на претходните денови.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 6 и 16, додека максималните дневни ќе бидат соодветно од 11 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно и ветровито, во утринските часови со врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 17 степени.

Поврзани новости