КултураТеатар

Одделете време за театар – „My name is Medeja“ вечерва во Народен Театар Битола

Претставата која ја воодушеви публиката, претстава за женската моќ или: „Претстава која зборува за еден обичен ден на една сосема обична жена во едно сосема нормално општество… или можеби не?!“ како што се вели во описот на офцијалната фејсбук страна на Народен Тетар Битола.

Режијата за претставата „My name is Medeja“ е потпишана од страна на словенецот, Себастијан Хорват , кој важи за исклучително активен и наградуван автор. Истата е работена во драматизација на Милан Рамшак Марковиќ од Србија.

Играат: Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска – Дранговска,  Викторија Степановска – Јанкуловска, Јулијана Мирчевска – Мавровска, Иван Јерчиќ , Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска – Илиевска, Анастазија Христовска,  Никола Стефанов и Кристијан Танчевски.

Музика: Драго Ивануша,  сценограф: Валентин Светозарев, костимографијa: Андреј Ѓоргиевски, светло – мајстор: Игор Мицевски.

Претставата ќе се одржи вечерва (31.01) во 20:00 часот.

Поврзани новости