ВестиМакедонија

Петок неработен ден за дел од граѓаните

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2023 година (петок), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија, соопштија од МТСП.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07), во 2023 година неработни денови за сите граѓани се:

17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар; 21 април (петок), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам 1 мај (понеделник), Ден на трудот; 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители; 2 август (среда), Ден на Републиката; 8 септември (петок), Ден на независноста; 11 октомври (среда), Ден на народното востание 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (петок), „Св. Климент Охридски”,

1 мај (понеделник), Ден на трудот, 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 02 август (среда), Ден на Републиката, 8 септември (петок), Ден на независноста, 11 октомври (среда), Ден на народното востание, 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (петок), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед: 06 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (четврток), Богојавление (Водици), 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 10 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 01 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница: 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница: 27 јануари (петок), Свети Сава. За граѓаните припадници на ромската заедница: 08 април (сабота), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница: 23 мај (вторник), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница: 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница: 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница: 21 декември (четврток), Ден на настава на турски.

Поврзани новости