ЗабаваШоубиз

Почина ќерката на Елвис Присли

Лиза Мари Присли, ќерката на кралот на рокенролот Елвис Присли, беше итно пренесена во болница.

Таа, била хоспитализирана поради можен срцев удар, а извори рекле дека болничарите се обиделе со CPR во нејзиниот дом во Калабасас во четвртокот.

Успеале да и го вратат пулсот, а потоа ја пренеле во болница, но за жал, нејзината мајка Присила Присли, соопшти дека Лиза почина.

Со тешко срце морам да ја споделам тажната вест за мојата прекрасна ќерка Лиза Мари која не напушти. Таа беше најстрасната, најсилната и најсакана жена што некогаш сум ја познавал“, рече Присила Присли во изјавата дадена за Си-Ен-Ен од претставник.

Во вторникот, Лиза присуствуваше на доделувањето на Златните глобуси со нејзината мајка, каде што го поддржаа актерот Остин Батлер, кој ја доби наградата за неговиот лик на Елвис Присли во филмот „Елвис“. Ќерката на Елвис беше пејачка и текстописец, а во 2020 година преживеа голема трагедија кога нејзиниот син Бенџамин Кео се самоуби на многу брутален начин.

Поврзани новости