Битола инфо

По втор пат новогодишен хуманитарен базар во Голд Фелициа

По повод новогодишните празници на 17ти во недела по втор пат се организира Новогодишен базар во Голд Фелициа кој и оваа година е со хуманитарен карактер.

Програмата на Новогодишниот базар е создадена од различни активности, забава за најмалите дечиња, караоке и претстава за децата, а возрасните ќе може да уживаат во вкусот на печените костени, варено вино и топла ракија како и многу изненадувања.

Собраните средства ќе се донираат во Детското одделение во Клиничката Болница во Битола.

Оваа слика за да биде комплетна, како опшествено одговорни компании ја поддржаа КС Групацијата составена од “Голд Фелициа“, “Евротип“, “Голд Слот“, “КС Сервис“, „Агро Брод“ и „Premium Safety Solution“.

КС Групацијата безрезевно организира вакви хуманитарни настани и е дел од многу други активности.
На овој настан исто така се пријавија и други помагатели.

Имено овој настан е организиран во соработка со приватната детска градинка „Мали чекори“ и „Ротари клуб Широк Сокак“.

Ве покануваме на добра забава на добро познатата локација „Голд Фелициа“ од 13:30 часот па се до 16 часот.

Поврзани новости