Македонија

По свежото утро, сончево и топло време со температури над 30 степени

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од 9 до 15 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 26 до 33 степени

По свежото утро, денеска во земјава нè очекува сончево и топло време, објави Управата за метеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 9 до 15 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 26 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Сончево време УХМР најавува и за Скопје. Температурите во главниот град денеска ќе се движат од минимални 11 до максимални 32 степена. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Свежи утра со постепен пораст на дневните температури, според УХМР, се очекуваат и во наредните денови.

Поврзани новости