Прилеп инфо

Приведени крадци во Прилеп, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

Прилепската полиција ноќеска во 2.30 часот по полноќ во овој град ги лишила од слобода Е.Б.(34) и О.М.(29), двајцата од Прилеп.

Како што информираат денеска од МВР, тие биле фатени при извршување „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости