ВестиПрилеп инфо

Приведен прилепчанец, превезувал нежигосани огревни дрва без документација

Во близина на Железничката станица Браилово, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово, деенска го привеле Ц.М.(32) од Прилеп.

Тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген шаран“ без регистарски ознаки, превезувал нежигосани огревни дрва и без соодветна документација.

Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани новости