КнигаКултураНастани

Промовиран дебитантскиот епско-фантастичен роман на битолската авторка Елена Бошбож

На 25. мај беше промовиран дебитантскиот епско-фантастичен роман на битолската авторка Елена Бошбож со наслов „Сонцето под земја, кралството над него“ книга 1: „Неродениот и човекот кој не умре.“ Издавачка куќа на овој роман е АНТОЛОГ. Промоцијата се одржа во Порта Џез – Битола во 19:00 часот.

Промотор на настанот беше м-р Маријана Котевска-Георгиева, која ги претстави своите размисли за ова епско-фантастичено дело. Модератор на настанотот беше проф. д-р Билјана Граматковски и избрани извадоци читаше Бранислав Николов (Пијан Славеј).

Во магичната атмосфера која ја создадоа м-р Маријана Котевска-Георгиева, проф. д-р Билјана Граматковски, Пијан Славеј и секако Елена Бошбож, уживаа голем број на гости еден од кои беше и писателот Александар Русјаков.

Поврзани новости