НАЈНОВО

Прилеп инфо

Работнички од Непал, кои работеле во фирма во Прилеп, не се вратиле во куќата во која престојувале

МВР во билтенот објави дека газда од Прилеп пријавил во полиција дека четири работнички од Непал кои работеле во неговата фирма не се вратиле во куќата во која престојувале.

Работничките од Непал биле во работен однос со склучени договори,па од таму сопственикот одлучил да го пријави случајот, најверојатно за измама.

„На 07.04.2024 во 21.57 часот во Полициската станица Прилеп, Д.Н. пријавил дека четири државјанки на Непал, Л.С.(29), Б.К.П.М.(26), С.С.М.Т.(29) и С.Р.М.(29), кои биле во работен однос со склучен договор во неговата фирма, од 19 часот на 06.04.2024 не се вратиле во куќата во која престојувале во Прилеп“, соопшти СВР Битола.

Поврзани новости