ЖивотЗдравје

Само две минути вежбање дневно може да го зголеми животниот век

Само две минути вежбање секој ден може да бидат доволни за да се намали ризикот од умирање на помлада возраст, покажува истражувањето.

Според експертите, дури и не мора да правите ништо премногу интензивно за да го зголемите животниот век. Доволно е едноставно одење по скалите, лесно џогирање, кратко пешачење.

Научниците од Универзитетот во Сиднеј анализирале податоци на примерок од повеќе од 70.000 Британци, следејќи го нивното ниво на вежбање во период од една недела и нивното здравје во следните седум години.

Резултатите покажале дека луѓето кои правеле само 15 минути физичка активност неделно, или поточно две минути и девет секунди дневно, имале 18 отсто помали шанси да умрат во периодот на студијата отколку оние кои вежбале само неколку минути.

„Ова истражување ни потврди дека само неколку минути вежбање дневно може да биде сосема доволно за да се продолжи животниот век и до неколку години“, рече докторот и главен автор на студијата, Метју Ахмади.

„Со оглед на тоа што недостатокот на време е најчеста причина зошто повеќето луѓе не вежбаат редовно, ова би можело да биде револуционерно откритие дека и најзафатените луѓе имаат можност да ја задоволат дневната потреба за вежбање која буквално изнесува само две минути, што не е ништо“, додава тој.

Поврзани новости