Македонија

Санкционирани 19 мотоциклисти на подрачјето на Прилеп

Во текот на денешниот ден (17.08.2023) во период од 15.00-20.00 часот на подрачје на Прилеп спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 19 возачи, соопшти МВР.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Поврзани новости