Битола инфо

5-то издание на Metal Discharge Open Air Festival во Битола

Metal Discharge Open Air Festival е првиот метал фестивал под отворено небо во Битола започнат во 2011та година.

Со пауза од 10 години, реактивиран во 2022 ра година, оваа година Metal Discharge го има своето 5то издание кое воедно е и прво дводневно издание. Исто така за прв пат во историјата на фестивалот оваа година ќе има место за камп за посетителите од другите градови. На овогодинешната програма настапуваат 14 бендови, 4 гостински бендови од Р.Србија и 10 домашни млади и веќе реномирани бендови и е најобемната програма досега.

Фестивалот е природен плод на љубовта кон музиката, желбата и искреноста, со взаемна размена на бендовите и публиката се создава сцена на здрава нога, подлога за израз на чиста мисла и можност за поубав свет за идните генерации.

Со надеж и голем ентузијазам, веруваме дека секој труд се исплатува, а кога ги гледате среќните лица на сите присутни, не постои мерка за личната сатисфакција која што ја добивате.

Поврзани новости