ВестиМакедонија

СВР-Битола апелира до земјоделците да не ги палат стрништата, демне опасност од пожари

СВР-Битола упати апел до земјоделците кои почнуваат со подготовки за претстојната пролетна сеидба да не ги палат стриштата заради опасност од пожари.

Од СВР-Битола посочуваат дека е забележана зголемена раздвиженост на нивите и интензивно чистење на отпадоците, забележани се појави на палење на стрништа и сува вегетација трева, жбунови, кои најчесто се без непосредна контрола со што се предизвикуваат несакани последици.

-Апелираме до земјоделците, но и до сите други граѓани да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, особено ако времето е ветровито. Во спротивно ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци зависно од видот на пожарот и другите околности и последици, нагласуваат од СВР-Битола.

Поврзани новости