Македонија

Сончево време со дневна температура до 34 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје и во околината се очекува сончево време со краткотрајно наоблачување и со слаб променлив ветер и дневна температура до 33 Целзиусови степени.

Во Маврово температура од 23, Охрид 28, Битола 30, Крива Паланка 29, Берово 26, Кавадарци и Дојран до 34 степени Целзиусови.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Дневните температури ќе се движат од 23 до 34 степени.

Поврзани новости