ВестиМакедонија

УЈП предупреди на измама: Не отворајте смс пораки и не споделувајте лични податоци

Управата за јавни приходи денеска преку писмено соопштение информираше дека вчера и денеска, непознат испраќач користејќи го логото на УЈП, преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.

Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина ,, Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija. Овој линк е лажен и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи апелира ДА НЕ СЕ ОТВАРААТ ОВИЕ СМС ПОРАКИ И ДА НЕ СЕ ОТВАРА ЛИНКОТ, а доколку некој го отворил линкот, да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што истите можат да бидат злоупотребени, велат од институцијата.

Од УЈП уверуваат дека ги преземаат сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

©ММС.мк Крадењет

Поврзани новости