Шоубиз

ФОТО: Полина Тасева и Ламбе Алабаковски со песната „Врати се“ на Макфест 2023

Младата пејачка и водечки вокал во познатото кабаре шоу „Голд Фелициа“ Полина Тасева и оваа година настапи на 38. издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип.

Оваа година Полина настапи заедно во дует со Ламбе Алабаковски со песната „Врати се“.

Полина вокално и со своите квалитети, брилијантно се покажа на сцената заедно со Ламбе кои имаа одличен дует.

— Ова е мое трето појавување на Макфест. Во 2020г. ја освоив наградата за дебитант со песната “Сѐ се врти во круг”, а во 2021г. повторно настапив со своја авторска балада “Огледало”. Ова е најзначаен фестивал во нашата земја, сите пејачи имаат шанса да се претстават во своето најдобро издание, со својот вистински печат, на тој начин можеме да допреме до публиката и да го задржиме нивното внимание. Затоа оваа година нашата соработка со Ламбе ја доживувам како одлично искуство, размена на темперамент и спојување на два стила, верувам сето тоа ќе го воочи публиката и ќе сака да ја слуша нашата песна. Морам да ги споменам Ирена и Горјан Стојановски што не поврзаа за да ја реализираме “ Врати се” во дует, нивната мелодија и разиграниот аранжман на Димитар Андоновски успеаа да ги спојат нашите стилови и да уживаме заедно во оваа песна. Нашиот настап го надополнија девојките од Breakaleg и со заедничка кореографија се раздвиживме на сцената. Во склоп на целата приказна сакавме да имаме впечатлив стајлинг и сето тоа успешно го изведе нашиот единствен Андреј Папаз. Благодарност до целиот тим со кој се поддржувавме до самиот крај на фестивалот, а верувам и понатаму. Им посакувам на нашите пејачи меѓусебни соработки како што имаше пред години наназад, а сите тие хитови ги сакаме и слушаме до ден денес.
Овогодинешниот Макфест за мене беше уште едно убаво доживување, размена на енергија со сите колеги, многу разговори и нови познанства, пред сѐ навистина убава дружба. Посакувам Макфест да продолжи да ги поддржува младите артисти, и нивните песни да стануваат трајни хитови. Би сакала сите да бидеме свесни за пропустите што се случуваат, иако е нормално да ги има треба да се трудиме креативно да ги надминуваме и да се стремиме кон понатамошни уште по успешни фестивалски години. Да не одржува она што знаеме дека го имаме како единствено во нашата земја, во случајот овој единствен импресивен фестивал на забавни мелодии Макфест.- истакна Полина.

Од самиот почеток си дел од кабарето како еден од водечките вокали на “Голд Фелициа” па кажи ни за твоето искуство таму:

– Голд Фелициа за мене е најубавото искуство изминативе две-три години. Посакувам секој да ја работи својата професија со љубов и желба како што мене тоа ми се случува во ова кабаре. Бидејки сум магистриран оперски пејач и сум на сцената од најмала возраст, овој кабаретски стил заедно со танцот и глумата целосно ме исполнуваат и ме прават да бидам сѐ подобра во тоа што го работам. Оваа голема сцена, ќе кажам голема бидејки бара пред сѐ многу енерија, вежбање, амбиција и труд за изведба на различни стилови во музиката и танцот заедно со кореографија и сценографија, сето тоа во Голд Фелициа е поддржано и исполнето со едни од најдобрите артисти, пејачи, изведувачи и танчери. Ве поканувам да дојдете да видите што сѐ можеме да ви претставиме и да уживате во сплетот на повеќе музички стилови и гламурозните кабаретски костими.

 

Поврзани новости