Битола инфо

ФОТО: Спектакуларен втор роденден на “Голд Фелиција”

Синоќа големиот бренд за забава “Голд Фелициа“ заедно со голем број гости: пријатели, деловните партнери, персонал го прослави вториот роденден. Водителот, кој е дел од кабарето, Никола Пројчевски, на почетокот истакна: тоа е местото каде што световите на убавото јадење, возбудливите игри, луксузните сместувања и хипнотизирачка забава се спојуваат во совршена хармонија“.

“Голд Фелициа“ не ја прославува само втората годишнина од отварањето, туку и достигнувањата што ги постигна нивниот неверојатен тим низ двете години постоење. Со посветеност, напорната работа и страст, тим кој континуирано се труди да ги надмине очекувањата и да им пружи неспоредливи искуства на ценетите гости, додаде Пројчевски.

За организацијата околу роденденската прослава две години “Голд Фелициа“ менаџер и уметнички директор на кабаре, Димитар Андоновски ни рече:

-Во изминатите две години работа на “Голд Фелициа“ мислам дека понудивме многу. Пред се со нашето кабаре кое две години функционира со повеќе од четириесет професионални уметници од сите категории: танчери, пејачи, кореографи, костимографи, односно луѓе кои сериозно се вложија во целиот проект. Кабаре шоуто на сцената на ресторан “Голд Фелициа“ е најпрепознатливо во регионот. Тоа е уметнички проект со кој најмногу се гордееме. Но, тука ќе ги напоменам и бројните концерти на македонските изведувачи и гостите од Србија, Балканот и регионот кои настапија на сцената на “Голд Фелициа“. Станува збор за големи музички ѕвезди од земјите од регионот. Со сето ова “Голд Фелиција“ е препознатлив бренд не само кај нас, туку и во соседните земји. За двете години поминавме секакви ситуации, големи настани, а се гордеам со тоа што како домаќини успеавме и во најтешките задачи да одговориме професионално. Секако задоволство е кога само ќе се спомене “Голд Фелиција“, се добиваат позитивни коментари кај големите ѕвезди, кои не препорачуваат како добри домаќини и одлични професионалци.

-Денес кога го славиме вториот роденден на нашите пријатели ќе им понудиме концертен настан заедно со групата “Фонтана“ и моите драги колеги Александар Таранубов, Бојан Стојков, Полина Тасева. Тука се и гостите од КУД “Илинден“. Ги одбравме македонските народни песни на Јонче Христовски и Пепи Бавтировски кои се наши сограѓани кои оствиле уметнички белег во македнската музика. Наредните денови од утре по повод роденденот не очекуваат нови предизвици. Имено, органзираме т.н “Gold Felicia – Summer Festival“ со настапи на едни од најголемите музички ѕвезди на Балканот и регионот. А веќе од сепрември го креираме новиот план за зимската сесона. Сега ќе најавам само дека се подготвува ново кабаре шоу. Се со цел не само да го одржуваме брендот, туку и да бидеме тоа што докажавме овие две години- балканска атракција. При што привлекуваме гости од цела Македонија и пошироко. Ние како локал патриоти ги слушаме советите од битолчани, се со цел да ни останат верни поддржувачи. Секако наш најголем поддржувач, морам да го споменам е сопственикот, Никола Митровски, кој верува во нас, и ни излегува во пресрет на сите наши идеи, а без него сето ова не би било вака како што е.

Елена Трајчевска маркетинг директор на “КС Групацијата“ во која влегуваат “Голд Фелиција“, “Евро тип“, “Голд слот“, “КС сервис“, “Премиум Сејфти Солушн“ и “Минт Осигурување“ за двете години на “Голд Фелиција“ рече:

-Две години постоење на “Голд фелиција“ значи безброј настани, повеќе од двеста одржани кабарет шоуа, концерти, а сето тоа е најдобрата забава во Битола. Тука најзначајно е нашето кабаре кое е познато во цела Македонија и пошироко. Двете години поминаа брзо, а за наредната година прво го најавувам “Gold Felicia – Summer Festival“ кој започнуваа оваа недела и ќе ги имаме кај нас Цеца, Тони Цетински, а тука се и настапите на ѕвезди од нашето кабаре секој петок и сабота. Веќе во август ќе ги имаме настапите на Северина, Марија Шерифовиќ и многу други изненадувања, сето тоа во прекрасен летен амбиент за незаборавна забава, а тука ќе ја додасеме и одличната услуга на нашиот персонал во ресторанот на “Голд Фелициа“.

Благојче Трајковски кларинетист група “Фонтана“ подготвувајќи се пред настапот само додаде:

-Ние како група “Фонтана“ сме како дел од ова семејство на “Голд Фелициа“ и ни е драго што имаме повод за славење, а тоа е нивниот втор роденден. Ова е еден од најголемите брендови во оваа дејност во Македонија, а им посакувам уште многу успеси понатаму, односно многу поводи за заедничко славање. Вечерва се е во духот на нашата преубава македонска народна музика и ќе направиме музички колаж кој ќе се состои од песни богатата македонска ризница, ќе има стопроцентен македонски производ. Заедно со гостите ќе оддадеме почит кон двајцата наши сограѓани, доајените, битолчаните, Јонче Христовски и Пепи Бафтировски кои оставија голем број незаборавни хитови.

Така и беше во текот на вечерта се редеа најубавите македонски народни песни “Едно име имаме“, “Мори моми Костурчанки“, “Елено ќерко Елено“, “Ах каде е мојто либе“, “Ако одам во Битола“… “Заветна“ која ја испеја сите изведувачи заедно со присутните во еден глас на преубавата сцена на “Голд Фелициа“.

До прославата на третиот роденден не очекуваат уште голем број изненадувања од целиот тим на сега веќе препознатлив бренд во Битола и регионот “Голд Фелиција“, а што се однесува на двете изминати години Пројчевски додаде:

-Како ресторан, гастрономското уживање го подигнавме на нови височини, со богатата симфонија од вкусови и кулинарски ремек-дела. Секое јадење раскажува приказна, претставувајќи ја нашата непоколеблива посветеност на квалитетот, иновативноста и уметноста на убавата кујна. Хотелот на “Голд Фелициа“ како синоним на елеганција и удобност, ги пречекува гостите обезбедувајќи им рај за релаксација и луксуз. Нашиот посветен тим работи неуморно за да се погрижи престојот на секој гостин да биде обележан со уживање, внимание и беспрекорна услуга, кој на крај наздрави:

-Нека оваа роденденска прослава биде почеток на уште едно неверојатно поглавје во нашето заедничко патување. На здравје за сите вас и за безбројните спомени што допрва треба да се создадат во Голд Фелициа.

Поврзани новости