ЖивотМода и убавина

Холивудските актери со револуционерни модни идеи – И мажите ДА носат здолништа!?

Се поочигледно е дека мажите им љубоморат на дамите за големиот избор на модни парчиња кои можат да ги комбинираат. Со цел да се направат некои турбулентни револуционерни промени, се чувствуваат извесни холивудски обиди да се променат некои непишани правила. Така се повеќе се губи стереотипот за забраната на мажите да носат здолништа.

На овој чекор се осмели и Бред Пит на берлинската премиера на Bullet Train во јули 2022 година, па сега најжешките момци решија да ги изненадат дамите за време на машката модна недела во Париз 2023. Едниот е Роберт Патинсон, а другиот Лисиен Лавискомте.

После Бред Пит модното издание од одминатата година и Роберт Патинсон кој неодамна се појави во здолниште на модна ревија во Париз и Lisien Laviscomte се појави во миди здолниште.

Овој четврток, Lisien Laviscomte предизвика сензација со пристигнувањето на ревијата на Луј Витон есен/зима 2023/24 во сино-сиво плисирано здолниште над панталони со широки ногавици во иста боја и необичен џемпер. Станува збор за модели од претходната колекција на француската куќа, која актерот (30) ја комплетираше со бели и зелени патики.

Имено, овој моден извик на Lisien Lavisconte им звучи познато на обожавателите на Емили во Париз, бидејќи машките здолништа се претставени веднаш на крајот на третата сезона.

Здолниште за мажите? Да или не?

Поврзани новости