Македонија

ЦУК: Вчера имало вкупно 1.593 повици на 112

Изминатото деноноќие имало три пожари на отворено кај селата Лознани и Раборци и тие биле изгаснати од пожарникарските тимови во Битола и Струмица, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
-Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Битола во текот на денот имала две одделни интервенции кај село Лознани и тоа: првата била од 16:30 до 17:45 часот, кога со два пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена ниска вегетација и грмушки и втората била од 17:35 до 19:45 часот, кога со повторно гаснеле запалена ниска вегетација, информираат од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Струмица известил дека пожарникарите од ТППЕ Струмица, од 14:45 до 16:25 часот, со четири пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена деградирана нискостеблеста шума и ниска вегетација над село Раборци.

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.593 повици.

-„Реални“ повици за итни случаи имало 39,74 отсто. Имало 60,26 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање, се наведува во соопштението од ЦУК.

Од ЦУК соопштија дека 54,85 отсто од повиците биле кон Полицијата, кон Итната медицинска помош 39,32 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 2,43 отсто од повиците.

-Кон ЦУК имало 3,40 отсто од итните повици, што е во рамки на просекот од 3 до 10 отсто што ги решава, секако заедно со 60,26 отсто други, именувани и како „неитни повици“, поточно ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, се додава во соопштението.

Поврзани новости