ЗабаваШоубиз

Читателите на американскиот портал избраа: Ова е најубавата жена на светот

Порталот Ranker кон крајот на минатата година објави анкета наречена „најубавите жени во 2022 година“ во кој беа собрани вкупно 122 илјади гласови на нивните читатели. На листата се најдоа модели, актерки, музичаркии и други познати жени кои се меѓу најубавите во светот, а на читателите им беше задача да изберат која од овие жени според нив е најубава во 2022 година.

Анкетата заврши, а порталот објави резултати кои воопшто не изненадуваат. Според изборот на нивните читатели, на првото место се најде Маргот Роби. Актерката стекна светска слава со улогата во филмот „Wolf of wall street“ од 2013 година, а во 2017 година магазинот „Тајм“ ја вклучи меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот.

Во октомври 2022 година, австралиското издание на магазинот Maxim ја објави својата годишна листа Hot 100 за 2022 година, наведувајќи ги најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура. Маргот исто така беше на врвот на нивната листа. Ова е рекорден трет пат како Роби да се најде на врвот на Hot 100.

 

 

Погледнете тука кои се останатите најубави жени за 2023прогласени од страна на овој познат интернет портал.

Поврзани новости