НАЈНОВО

Македонија

Бојмацалиев: Вработените во МВР ќе добијат бонус плата од 36 илјади денари

Вработените во МВР, кои ги исполнуваат условите ќе добијат бонус плата од 36 илјади денари за 2023 година а ќе биде исплатена по завршување на техничката влада, информираше дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев при денешната посета на Полициското одделение Старо Нагоричане и Одделенијата за внатрешни работи во Кратово и Пробиштип.

Бојмацалиев додаде дека до 2017 година не биле исплаќани бонус платите, но од 2017 година до денеска сите бонус плати се исплаќаат редовно, а така ќе се продолжи и во наредниот период.

„Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Куманово, 100% сите полициски објекти во овој реон се реконструирани а меѓу нив се и: полициската станица Кратово со 3.800.000 денари, полициското одделение Старо Нагоричане со 3.460.000 денари и Полициското одделение Ранковце со 1.400.000 денари, средства издвоени од буџетот на МВР, а при изведбата беа имплементирани и мерки за поголема енергетска ефикасност на објектот, а со тоа и поголеми заштеди како и заштита на животната средина”, истакна Бојмацалиев. Притоа, тој потсети дека и на територија на СВР Штип во период од шест години се реконструирани осум објекти.

„Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Штип изминативе шест години беа реконструирани осум објекти меѓу кои и објектот каде што бевме денеска во посета ОВР Пробиштип (четири милиони денари) ,ОВР Свети Николе, ПС за БПС Штип, ПК Македонска Каменица, ОВР Кочани, ОВР Виница, ОВР Берово и ОВР Делчево за што од буџетот на МВР беа издвоени вкупно над 90 милиони денари. Само еден објект на подрачје на СВР Штип не е реконструиран, за што се обврзуваме во наредниот период да го реконструираме, со што и тука ќе дојдеме до 100% опфатеност на подобрување на условите за работа”, рече Бојмацалиев, со уверување дека подобрените работни услови на колегите од СВР Куманово и СВР Штип, по цели 50-60 години, ќе бидат мотив и понатаму да продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.

Поврзани новости