Македонија

Владата денеска ќе го разгледува проблемот со пасошите

Владата на седница денеска ќе го разгледува проблемот кој настана со издавање на патните исправи со новото уставно име на државата.

Се очекуваат конкретни мерки кои би го забрзале процесот. По 12ти февруари старите патни исправи ќе бидат неважечки за надворешна употреба согласно Преспанскиот договор.

Со денови пред пунктовите кои беа отворени за фотографирање на граѓаните се затекнува истата слика со огромни колони граѓани кои чекаат во ред.

Вчера во интервју за Телма техничкиот министер за внатрешни работи Тошковски рече дека во наредниот период ќе бидат отворени нови пунктови, а ќе биде воведено и двосменско работење.

Во функција ќе бидат сите базни станици и нема веќе фотографирање без термин.

Поврзани новости