ВестиМакедонија

Денеска седница на Советот за безбедност кај Пендаровски

Kабинетот на претседателот Стево Пендаровски за денеска во 15.00 часот свика седница на Советот за безбедност во период кога има силен меѓународен ангажман за затворање на отворените прашања меѓу Србија и Косово

Според најавите, на дневен ред на седницата ќе биде безбедносната состојба во земјава и во евроатлантскиот регион.

Покрај редовните членовите на Советот ќе присуствуваат и Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање, Жарко Милошевски, директор на Агенција за национална безбедност и Васко Ѓурчиновски, началникот на Генералштабот на Армијата.

Инаку редовни членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, професорот Ненад Марковиќ од Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј, Ветон Љатифи, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа и поранешниот министер за одбрана и универзитетски професор Трајан Гоцевски.

Поврзани новости