ЗабаваЗанимливости

Денес е петок13! Ако сте суеверни, еве што не смеете да правите на овој ден

Петок 13 е денот за кого многумина веруваат, дека загарантирано ќе ги снајде некоја несреќа!

Нумерологијата смета дека 13 е симбол на несреќата, а тоа е затоа што доаѓа по бројот 12, кој е симбол на совршенство и целина. Затоа, со векови постојат неколку верувања кои се шират низ светот кои се поврзуваат со петок 13.

– Според легендата, ако се соберат 13 луѓе на вечера, еден од нив ќе умре во рок од една година. Затоа некои ресторани во Париз нудат да ангажираат „професионален 14-ти гостин“ за вечери.

– На овој ден никогаш не треба да го менувате креветот бидејќи ве очекуваат лоши соништа. Покрај тоа, не треба да се оди на патување или да се започне нов бизнис.

– Ни случајно отворајте го чадорот во затворен простор бидејќи ќе имате гадна пресметка со вашите најблиски.

– Инаку важи правилото дека за скршено огледало ве следат седум години лоша среќа. Но, ако го скршите токму на овој ден, лоша среќа ќе ве следи до крајот на животот.

– И, се разбира, не одете под скала. Ова верување има свои корени во раното христијанство. Навалената скала формира триаголник со ѕидот и земјата, што ја претставува Светата Троица. Токму поради оваа причина, никогаш не смее да поминувате ппд неа.

Поврзани новости