ЗабаваШоубиз

Илон Маск го изгуби статусот на најбогатиот човек на светот: Mинатата година изгуби пари повеќе од било кој на светот

2022 Не беше баш добра за прочуеното име кое важеше за најмоќно во светот. Имено, Илон Маск изгуби цело богатство минатата година.

Гинисовата книга, ги следи сите рекордни достигнувања, а неодамна објави дека Маск официјално го губи статусот на најбогат човек на светот. Имено Маск, изгубил вкупно 183 милијарди долари во 2022 година.

Акциите на Tesla паднале за 66% во 2022 година, а за да биде уште полоша ситуацијата, Маск изгуби и со купувањето на Twitter 44 милијарди долари.

Неговот богатство, според пресметките, сега изнесува околу 137 милијарди долари. На неговото место, спорд гинисовата книга на рекорди, доаѓа Бернард Арно, чие богатство се проценува на 190 милијарди долари.

Но, Маск не е единствениот губитник. Според Форбс. Џеф Безос во 2022 година остана без 85 милијарди долари, а Марк Цукерберг без 77 милијарди долари.

Лери Пејџ и Сергеј Брин загубие по речиси 45 милијарди долари од Google.

Поврзани новости