Регион

Кај прилепчанец и битолчанец пронајдени големи количини на пиротехника

Во два одвоени претреси, во Прилеп кај едно лице се пронајдени над 1.600 парчиња пиротехнички средства, а во возило на битолчанец се пронајдени големи количини на петарди и друга пиротехника.

„Вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, на ул.Ѓорѓи Абаџиев во Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лишен од слобода е С.Б.(51) од Прилеп. При преглед кај него, пронајдени и одземени биле 1.620 парчиња пиротехнички средства. По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола на патот А-3 Битола -Прилеп во близина на бензинска пумпа, при преглед на Д.Т.(25) од Битола, пронајдени се пиротехнички средства. По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Поврзани новости