Фудбал

Манчестер Јунајтед потпишува историски договор за Премиер – лигата

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ја продолжува соработката со “Адидас” до 2035 година. Тоа е историски највносниот договор од постоењето на Премиер – лигата.

Во сезоната 2015/16, Јунајтед ја прекина соработката со “Најки” и доби договор вреден 750 милиони фунти годишно, а за претстојната сезона е зголемен на 900 милиони фунти. Тоа е најголемиот договор во историјата на Премиер – лигата.

“Односот меѓу Манчестер Јунајтед и “Адидас” е еден од култните во светот на спортот и на заедничко задоволство ќе продолжи и во наредниот период”, изјави Ричард Арнолд, извршниот директор на Манчестер Јунајтед.

Поврзани новости