НАЈНОВО

ВестиМакедонија

МЗШВ објави ОГЛАС за ЗЕМЈА НАД 3 хектари во Битола, Валандово, Велес, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Струмица, Демир Хисар, Штип и Гази Баба

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави Јавен оглас бр.01/23за давање во закуп на земјоделско земјиште водржавна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање објавен во (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/23 од 04.05.2023 година), информира Агротим.мк

Прeдмет на Јавниот оглас е земјодеско земјиште во државна сопственост, со вкупна површина од 1.241 ха, 07ари, 51м2, распределено во различни региони како што се :Битола, Валандово, Велес, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Струмица, Демир Хисар, Штип и Гази Баба.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Земјоделското земјиште во државна сосптвеност кое се дава во закуп е со намена за:

-Подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период од 30 години,

-Подигање на долгогдишни насади со лешник за период до 70 години,

-Одгледување на други земјоделски култури култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,

-За одгледување на брзорастечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години.

Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето.

За повеќе информации околу повикот и подготовка на апликации можете да се обратите во #КанцеларијаАгротим на телефонските броеви – 070/ 267- 789, 071/ 285- 385, 071/ 225 – 345, 071/381 – 453

Поврзани новости