НАЈНОВО

Македонија

МОН: Платежните картички наменети за студентски оброк се достапни за подигање

Студентите од втора и повисоките години треба да ги ажурираат податоците на онлајн платформата на Шпаркасе Банка, ако аплицирале и ги исполниле условите за субвенциониран оброк. Како што информира Министерството за образование и наука, ажурирањето е достапно на следниот линк.

Преку СМС порака студентите ќе добијат информација за точното време за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскa студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк, преку која единствено ќе можат да ги користат средствата.

Министерството за образование и наука потсетува дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството – се наведува во соопштението.

Во јули годинава министерот за образование и наука, Јетон Шаќири го најави новиот начин на исплаќање на студентскиот оброк, кој ќе се одвива преку наменска платежна картичка. Годишно, МОН ќе одвојува на 940 милиони денари за реализација на оваа мерка.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.

Поврзани новости