Рецепти

Направете си сами варено вино во домашни услови

Вареното (греано) вино е еден од најпопуларните топли пијалоци кои се служат во постудените денови и е незаменлив производ на зимските саеми ширум светот. Но, не мора да чекате да излезете на панаѓур за да го пиете, бидејќи е многу лесно да го направите дома.

Постојат бројни рецепти за варено вино, од едноставни до покомплицирани. Сепак, ова вино нема да ви одземе повеќе од 20 минути.

За овој рецепт ќе ви требаат следниве состојки:

еден литар црвено вино
два децилитри вода
две до четири стапчиња цимет
неколку каранфилчиња
два портокали
две јаболка
(Кафеав шеќер)

Подготовка:

Кога станува збор за избор на вино, најдобро би било да го користите она што вообичаено го пиете. Меѓутоа, доколку не се разбирате од  вина, важно е да знаете дека за варено вино не е потребно скапо вино бидејќи ќе додадете зачини кои ќе го збогатат вкусот.

На тивок оган ставете ги виното и водата да зовријат. Потоа, измиените портокали и јаболка исечкајте ги на парчиња и ставете ги заедно со виното и водата. Додадете неколку каранфилчиња и цимет, а можете да користите и ѕвезден анасон и морско оревче. Гответе неколку минути, а потоа додајте шеќер. Овде, важно е да го прилагодите пијалокот според вашиот сопствен вкус.

Кога ќе ги ставите сите состојки, варете го виното околу 10 минути и потоа тргнете го од шпорет. Важно е виното да не врие за време на готвењето.

Добрата работа кај варено вино е што ги имате основните состојки, а тоа се дефинитивно вино, цимет и вода. Секој пат кога ќе го подготвите, можете да додадете нешто што мислите дека би било идеално со овој пијалок.

Поврзани новости