Патувањa

Ова е една од најубавите плажи, а дневно смеат да ја посетат само 60 туристи – еве зошто

За да го спречат уништувањето на природната убавина на Сардинија и околните острови во екот на туристичката сезона, Италијанците ги прошириле своите правила.

На една од најубавите плажи во Сардинија, бројот на посетители е ограничен на 60 дневно, местата се резервираат, а се плаќа и надомест од три евра за користење на плажата.

Архипелагот Мадалена на крајбрежјето на Сардинија во Италија е дом на бројни прекрасни плажи. Кала Коричио на североисточното крајбрежје на островот Капрера во Тиренското море е еден таков магичен бисер.

Мала, но восхитувачка плажа со прекрасен бел песок е составен дел од Националниот парк Ла Мадалена и совршено место за пливање и нуркање во текот на летните месеци.

Плажата е опкружена со прекрасното тиркизно море, карпи и медитерански растенија, а скриена е и од погледите на љубопитните. Поради својот магичен изглед, многумина ја споредуваат со плажите на рајскиот Тахити во француска Полинезија.

шИнтересно е тоа што во последно време бројот на луѓе на кои им е дозволена посета на оваа плажа секој ден е ограничен на 60 и потребно е да си резервирате свое место однапред со локален водич.

Луѓето кои ќе бидат фатени без водич на оваа плажа можно е да бидат казнети.

Поврзани новости