Моја кујнаРецепти

Овесна каша со лешници и јаболка – Вкусен појадок кој брзо се подготвува

Според многу нутриционисти, појадокот ја игра најважната улога во денот. Доколку сте во потрага по совршена рецепта што не само што ќе ги задоволи вашите апетити и ќе ви ја даде посакуваната енергија, туку барате и нешто што брзо се подготува, прочитајте го рецептот подолу.

Состојки:

– 1 шолја овесна каша

– 2 шолји млеко или вода

– 2 помали јаболка

– 1 лажичка цимет

– 2 лажици мед

– прстофат сол

– печени лешници

Подготовка:

Гответе овесна каша во млеко додека смесата не зоврие, намалете ја температурата, додадете прстофат сол и варете на тивок оган уште пет до 10 минути, додека не стане кремаста.

Во готовата овесна каша додадете цимет и мед, па измешајте.

Додадете едно рендано јаболко, а другото исечкајте го, па ставете го врз кашата.

На крај посипете со сечкани печени лешници.

Поврзани новости