Битола инфоВести

Почина Владимир Костов – Битолскиот писател, професор и почесниот член на МАНУ

Згасна животот на најмаркантниот писател во македонската книжевност со  битолско потекло, Владимир Костов.

,,Костов беше битолски писател, професор и почесен член на МАНУ. На 90 годишна возраст по долго боледување тој ја изгуби битката со болеста. Опелото и погребот ќе бидат на 4 јануари, во храмот „Св. Недела“ во Битола.” – пренесува магазинот ,,Читај бе“.

Тој спаѓа во редот на најангажираните современи македонски прозаисти, а најмногу во својата фела се изделува како новелист. На книжевната сцена во Македонија дебитира со романот „Лица со маски“ во 1966 година.  Подоцна ги објавува романите „Свадбата на Мара“, „Учителот“, „Нов ум“, „Црквичето Четириесет маченици“, „Игра“ (раскази), „Грешниот Захарија“ (новели), „Тестамент“ (новели) кои го свртеа вниманието кон книжевната критика и есеистика, а истовремено е окупиран и читателскиот аудиториум.

Поврзани новости