НАЈНОВО

ВестиМакедонија

Променливо облачно со повремен дожд

Времето ќе биде променливо облачно, од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 17 степени.

Под влијание на циклонска активност и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се намали. Во петок и сабота ќе биде посончево и потопло, во попладневните часови со изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во недела нестабилно ќе биде на повеќе места.

Поврзани новости