Рецепти

Рецепт за совршено кремасти полнети јајца, не ви треба мајонез

Полнетите јајца се популарно мезе што потекнува уште од стариот Рим. Јајцата се вареле, а потоа потоа се мешале со различни сосови и зачини и се служеле во текот на големи гозби.

Полнетите јајца се популарен избор и во денешно време – тврдо варените јајца се сечат на половина, жолчката се меша со мајонез и зачини, а со оваа смеса повторно се полнат половините од белката.

За да уживате во кремастите полнети јајца, не ви треба ниту грам мајонез.

Наместо тоа, можете да употребите зрело авокадо, кое на смесата ѝ дава свиленкаста текстура. Имајте на ум дека рецептот ќе успее само ако имате на располагање зрело и меко авокадо.

Состојки:
– 6 големи јајца
– 1 авокадо
– 2 лажици свежо исцеден сок од лимета
– 1 лажица сечкан власец
– 1 лажичка лук во прав
– сол и бибер по желба
– пржени парчиња сланина, по желба

Подготовка:

Сварете ги јајцата, но да бидат тврдо сварени. За ова ќе треба да ги варите во топла вода околу 10 до 12 минути.
Префрлете ги во сад со мраз и оставете ги да се изладат пред да ги излупите. Или, ако имате доволно време, оставете ги сами да се изладат.
Исечете ги јајцата на половина.
Одделете ја жолчката од сварената белка.
Измешајте ги жолчките со авокадото. Зачинете со сол, бибер, лук во прав и сок од лимета. Во кремаста смеса по желба можете да додадете и малку сечкан власец.
Со добиената смеса наполнете ги половините од варените јајца.
Врз јајцата можете да додадете пржени парчиња сланина.

Добар апетит!

Поврзани новости