НАЈНОВО

Здравје

Сега е и научно докажано – оваа риба значително го намалува холестеролот

Нутриционистите одамна препорачуваат вклучување на лососот во оброците затоа што студиите покажуваат поголема веројатност дека луѓето кои го јадат ќе бидат послаби и без болести.

Истражувачите од Универзитетот во Колорадо веруваат дека откриле најмалку четири соединенија во рибата за кои велат дека можат да го намалат лошото ниво на холестерол.

Новата студија, објавена во „Journal of Nutrition“, покажала дека со јадењето лосос можете да внесете најмалку 30 метаболити – супстанции кои се формираат во текот на варењето или други хемиски процеси.

Научниците од Универзитетот во Колорадо неодамна го истакнале откритието на четирите клучни соединенија во рибата кои имаат потенцијал да го намалат лошото ниво на холестерол, масните супстанции одговорни за оштетување на крвните садови и зголемувањето на ризикот од срцеви и мозочни удари.

Нивната неодамнешна студија ги истражувала нутритивните ефекти на јадењето лосос и идентификувала најмалку 30 метаболистички соединенија кои се резултат на варењето и другите хемиски реакции.

Од овие соединенија, четири покажале значајни позитивни ефекти на здравјето на кардиоваскуларниот систем. За истражувањето биле ангажирани 41 учесник меѓу 30 и 69 години кои ја следеле медитеранската исхрана, збогатена со риба, немасно месо, интегрални житарици и овошје и зеленчук.

После две седмици консумирање лосос во исхраната, од учесниците бил земен примерок крв и биле направени други тестови за да се процени состојбата на нивниот кардиоваскуларен систем. Исто така важно е да се наведе дека учесниците биле гојазни, но и дека немале активни метаболистички состојби како што е дијабетес тип 2.

Анализирајќи ги примероците на храна и крв, истражувачите идентификувале 508 единствени соединенија присутни само во лососот. Од овие соединенија, две веќе биле познати по својата способност да го намалат холестеролот и да го подобрат здравјето на срцето.

Учесниците со повисоко ниво на овие соединенија во крвта покажале значајно намалување на холестеролот, холестерол липопротеин со ниска густина, триглицериди и аполипопротеин Б, што е важен показател за срцеви заболувања.

Освен тоа, истражувањето укажало на разновидност на видовите лосост, при што дивиот пацифички лосос се смета за најздрав поради содржењето на омега 3 масни киселини кои потекнуваат од алгите и планктоните во исхраната на рибите, пренесува „Daily Mail“.

Медитеранската исхрана, збогатена со овошје, зеленчук, интегрални житарици, мешунки, јаткасти плодови и маслиново масло, препознаена е како златен стандард на исхраната.

Истражувањето покажало дека преминувањето од типичната западна исхрана на медитеранска може да го продолжи човековиот век, а колку што порано се започне, резултатите се подобри.

Поврзани новости