Рецепти

Секоја есен ова е најбараниот рецепт на Балканот: Едноставен ајвар од рерна кој ќе ве воодушеви

Доколку немате каде да печете пиперки, тогаш овој рецепт е совршен за вас.

Многу од домаќинките обожаваат ајвар и подготвување на зимница, но често немаат услови да печат пиперки на шпорет на дрва. Многу од луѓето живеат во станови и со самото тоа проблем им е сѐ околу подготовката на ајвар.

Како да испечете пиперки, да ги излупите, а да не ја извалкате целата куќа? За подготовка на ајвар ќе ви бидат потребни само два поголеми садови.

Состојки:
– 3 килограми пиперки;
– 1 поголем модар патлиџан;
– 10 чешниња лук;
– морска сол;
– 2 децилитри маслиново масло;
– бибер.

Подготовка:
Пиперките добро измијте ги и ставете ги во поголемо тенџере, па прелијте ги со вода. Истото направете го и со модриот патлиџан. По неколку минути, сомелете ги во машина за мелење месо. Ставете ја добиената смеса во поголемо тенџере, додадете ситно исечкан лук и зачини, а потоа и маслото.

Садот ставете го во рерна на 200 степени Целзиусови и оставете да се пече смесата околу 4 часа. Повремено вадете го садот и помешајте ја смесата.

После одредено време ајварот би требало да биде готов, но тоа може да зависи и од самата пиперка.

Кога ќе биде готов ставете го во тегла која претходно сте ја згреале. На секоја тегла ставете целофан и гумичка, а потоа затворете ги теглите и оставете ги да се изладат.

Поврзани новости