НАЈНОВО

Моја кујнаРецепти

Се топи во уста: Германски рецепт за брз колач од чоколадо и бисквити

За многумина Германци, изразот „kalter hund“ (во превод „ладно куче“) ги носи назад во нивното детство, пишува „Пун пуфер“.

Станува збор за популарен десерт за кој не ви се потребни многу состојки, а неговата подготовка нема да ви одземе многу време.

Основни состојки се бисквитите и чоколадото. Што се однесува до бисквитите, можете да користите обични или со путер, а за финиот вкус на колачот ќе придонесе квалитетното чоколадо.

Потребни состојки:
200 грама бисквити со путер
150 грама темно чоколадо
450 грама млечно чоколадо
150 грама кокосово масло
1 чаша шлаг
2 лажички екстракт од ванила
3 лажици шеќер
2 лажици рум (по избор)
Подготовка:
Покријте го калапот за торти со алуминиумска фолија. Издробете го чоколадото на ситни парчиња и во тенџере на тивок оган растопете ги заедно чоколадото и кокосовото масло. Мешајте постојано. Потоа додадете го кремот, шеќерот и ванилата и мешајте сè додека смесата не се изедначи. На крајот додадете рум по желба и измешајте.

Калапот премачкајте го со тенок слој чоколадо на дното на садот и наредете ги бисквитите. Премачкајте одново со нов слој од чоколаден крем, па наредете нов ред бисквити и продолжете сè додека не ги потрошите сите состојки за на крајот да завршите со слој чоколадо.

Добиениот колач оставете го да отстои околу три часа во фрижидер за убаво да се стврдне.

Добар апетит!

Поврзани новости