Македонија

Сончево, попладне локална нестабилност со пороен дожд

Во понеделникот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, со малку пониски температури.

Во попладневните часови се очекува има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.

Индексот на ултраввиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 8.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 13 и 20, додека максималните дневни соодветно ќе се движат од 24 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде умерено облачно со засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степени.

Поврзани новости