Македонија

Сончево со мала облачност и ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската темепратура ќе биде од минус 5 до 5 степени, а дневната од 5 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје, според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде од минус еден степен наутро, до 13 Целзиусови степени во текот на денот.

Поврзани новости