НАЈНОВО

КултураНастани

Со концерт на ,,Нонет +” во Битола започна одбележувањето на 60 годишнината на Музичка младина на Македонија

Во Офицерскиот дом во Битола беше одржан концерт на камерниот ансамбл ,,Нонет +”.

Со тоа, во градот на конзулите, уметноста, боемите и музиката започна започна одбележувањето на 60-годишнината од постоењето на Музичката младина на Македонија.

За пофалба се имињата на младите музичари Дарко Гроздановски, Памела Велкова, Ивана Здравкова, Тамара Охомуш, Верица Ајтовска, Кристина Стојановска, Анеса Зајази, Магдалена Дрмач и Ивона Давидовска, под диригентство на Ангел Спироски, кои настапија со композиции од Тавенер, Бибер, Перт и Холст.

Со прекрасниот концерт, денешните активисти на Музичка младина, се заблагодарија на основоположниците на единствената национална невладина организација што работи со млади музичари и се бори за нивно пробивање на сцената, ги негува вредностите и ги следи културно-уметничките и музичките текови.

Имено, како што кажавме во редовите погоре, ова е јубилејна година за Музичка младина на Македонија, па и достоинствено ќе биде прославена со „Подиум на млади – Млад музички албум“, „Слободна Среда“, „Скопје гради музика“, летен музички камп „Етно Македонија“ и концерти на камерните оркестри „Саша Николовски-Ѓумар“ и „Нонет +“.

Поврзани новости