НАЈНОВО

ВестиМакедонија

Спасени малолетници и млад брачен пар од вчерашната снежна виулица

Спасени се двајца малолетници кои вчера биле заглавени од снежни наноси во објектот во близина на ски- лифтот на Попова Шапка. Полицијата соопшти дека полицајци вчера извеле спасувачка акција при што ги извлекле малолетниците од објектот. Станува збор за две малолетни лица кои поради густата магла и силниот ветер не можеле да слезат од планината.

Тетовските полицајци со помош на Ратрак стигнале до малолетниците и ги довеле до центарот на локалитетот во добра здравствена состојба, велат од МВР.

Дополнително и битолските полицајци вчера имале задача да спасуваат заглавени во снежни наноси. Станува збор за млад брачен пар од Скопје кој со автомобил „Дачиа“ заглавиле на пат. 22 годишниот скопјанец побарал помош од СВР – Битола затоа што со автомобилот заглавиле заглавиле кај споменикот „Слива“ на пат кон Крушевско езеро.

МВР соопшти дека по проверката на теран го пронашле завеаниот од снег пар на местото викано „Тушот“ во добра здравствена состојба и им помогнале да го извлечат возилото.

Поврзани новости