НАЈНОВО

Македонија

Уапсени се 17 припадници на затворската полиција поради поврзаност со бегство на затвореник

Утрово во акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) уапсени се околу 17 припадници на затворската полиција.

Според првичните неофицијални информации, акцијата е во врска со бегство на затвореник и не е поврзана со минатонеделните претреси во скопскиот затвор „Идризово“. Од ОЈО ГОКК, исто така, ни потврдија дека станува збор предмет што го водело специјализираното одделение на ова обвинителството за гонење полициски службеници и припадници на затворската полиција поради сторени кривични дела.

Според информациите, осомничени припадници на затворската полицијата се веќе спроведени во Основниот кривичен суд Скопје.

Убиството за кое е осуден Мемети се случило во 2016 година во Мала Речица. Тој првично бил осуден во отсуство, бидејќи не бил достапен за органите на прогонот. Во 2020 година бил уапсен во Берлин, Германија и екстрадиран во земјава. По екстрадицијата, против Мемети била повторена судската постапка во која тој повторно е осуден на долгогодишна затворска казна.

Другите 11 осомничени, за кои постапката е во фаза на предистрага, се гонат за противзаконито ослободување лице лишено од слобода по член 373 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Во соопштението не е наведен идентитетот на осуденикот чие бегство осомничените се товарат дека го овозможиле, како и идентитетот на затворските полицајци опфатени со истрагата.

„По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, денеска беше спроведена акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во која се приведени 17 лица. Предметниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица, од кои за петмина постои основано сомнение дека во текот на октомври минатата година сториле кривично дело овозможување бегство на лице лишено од слобода по чл. 372 ст. 2 од КЗ, додека едно лице се сомничи за помагање во сторување на кривичното дело“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Поврзани новости