НАЈНОВО

Македонија

ЦУК: Четири пожари на отворено, 1.650 повици на бројот 112

Во изминатото деноноќие имало четири пожари на отворено – два во Скопје и околината, еден покрај патот Свети Николе – Штип под надвозникот кај с.Ерџелија и еден кај теовското село Гајре. За нивно гаснење интервенирале противпожарни единици, соопшти ЦУК.

На единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.650 јавувања. „Реални“ повици за итни случаи биле 45,03%, а 54,97% „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните. Кон Полицијата биле упатени 45,50% од повиците, кон Итната медицинска помош 44,95%, а кон пожарникарите 4,95%.

Поврзани новости