НАЈНОВО

Балкан

Штрајкот на грчките цариници го затвори трите гранични премини кон Грција

Од утрово од 6 часот трите гранични премини кон Грција, Богородица-Евзони, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники, се затворени за сите видови сообраќај. Причина за затворањето на премините е штрајкот на грчките цариници што почна денеска во 6 часот и ќе трае до истото време задутре.

Според началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, на трите гранични премини нема влез и излез од Грција, а товарниот и патаничкиот сообраќај е во целосен прекин.

Според известувањето на МВР од синоќа, преку граничниот премин Дојран-Дојрани влез и излез ќе можат да остварат само возила кои вршат транспорт на лекови и други медицински возила.

Поврзани новости