Здравје

Оваа традиционална зимска намирница е природен пробиотик, а особено се препорачува за оние кои земаат антимикробни лекови.

Киселата зелка помага и во варењето на мрсните оброци и го забрзува метаболизмот, што го подобрува излачувањето на штетните материи од организмот и го чисти и регенерира црниот дроб. Така ја чисти крвта, го забавува стареењето и ја зајакнува отпорноста на организмот.

Исто така, го потикнува зараснувањето на раните, а дејствува и кај реумата и воспаленијата на вените. Локално може да се користи за ублажување на чешањето на кожата поради различни алергиски реакции, а ако имате главоболка, ставете лист од кисела зелка на челото и завиткајте го во газа.

Исто така, киселата зелка е извор на ниацин (витамин Б3), кој е неопходен за клеточната енергија, метаболизмот и размената на материи во мозокот.

Нутриционистите особено ја препорачуваат киселата зелка на постарите луѓе, бидејќи освен за здравјето, добра е и за подигнување на расположението. Затоа, во текот на зимата, секој ден треба да јадете салата од кисела зелка. Оваа храна содржи голема количина на витамин Ц, поради што е идеална во борбата против вирусите и инфекциите карактеристични за овој период од годината.

Меѓу придобивките од киселата зелка е и тоа што го прави организмот поотпорен на стрес, помага во создавањето на црвените крвни зрнца, ја стимулира работата на клетките и делува подмладувачки, важна е за одржување на јачината на коските и придонесува за обновување на истрошеното сврзно ткиво.

Поврзани новости