Забава

MIYATTA & FOLTIN ги здружија силите за новата тема „Ме боли“

Мијата е особено среќна но и со големо задоволство ја претставува нејзината најнова песна, насловена „Ме Боли” а која е музичка соработка со франкофонските побратими од Битола, групата „Фолтин“.
Станува збор за авторска француско-македонска шансона на Мијата, со заеднички аранжман, снимена во студиото Алшар во Скопје.

„Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се ‘Фолтин’, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував,
и создадоа автентична атмосфера поради која оваа песна ќе се смести на листата на препознаени шансони од целиот свет.

Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов “C’est joli” а која ќе биде премиерно изведена на TV5 Monde, Француска телевизија која ги подржува франкофоните ширум светот“, вели Мијата.

Видео записот се случи во соработка со Универзитетот Еуропа Прима, каде магистрант е актерката Јелена Мијатовиќ, мојата сестра, која направи трансформација за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата .

Аудио:
музика и текст: MIYATTA
аранжман: FOLTIN & MIYATTA
аудиоинженер и микс: Ивица Јанкуловски
снимено во Алшар студио во Скопје
женски и машки лик: Јелена Мијатовиќ
снимател, директор на фотографија, колор и монтажа: Бојан Секулоски
идеја и режија: Јелена Мијатовиќ & MIYATTA

Поврзани новости