НАЈНОВО

ЗабаваШоубиз

Анџелина Џоли во нова врска? Еве што зборуваат таблоидите

Анџелина Џоли се фотографирала со колегата Пол Мескал додека пиеле кафе во Лондон. Актерката, која моментално е сингл по неуспешниот брак со Бред Пит, беше видена како разговара со ирскиот актер, најпознат по тоа што ја играше улогата на Конел во хит серијата „Normal people“. Средбата се одржа во „Almeida Café & Bar“.

После гласините дека Бред Пит, поранешниот свршеник на актерката има афера после разводот, сега се шпекулира и за неа. Интригантен е фактот дека Пол неодамна ја раскинал свршувачката со Фиби Бриџерс.

Шајло (16) им се придружи на ѕвездите и активно учествуваше во разговорот. Триото се сретна откако дуото мајка-ќерка го гледаше Мескал како го игра Стенли во претставата „Трамвај наречен желба“ во театарот Алмеида претходно истиот ден.

 

Поврзани новости